ИЈЗ
Зголемен бројот на заразени со Ковид-19 за речиси 4%
02.11.2021 15:22
Регистрирани сe 2.804 нови позитивни случаи. Најмногу активни има во Скопје, Велес и во Куманово, а во најголем пораст е заболувањето кај популацијата од 20 до 29 години.

Анализата на Институтот за јавно здравје покажува дека минатата недела бројот на новозаразени со Ковид-19 бележи зголемување за речиси 4 проценти.
Регистрирани сe 2.804 нови позитивни случаи. Најмногу активни има во Скопје, Велес и во Куманово, а во најголем пораст е заболувањето кај популацијата од 20 до 29 години.
Во текот на мината недела по втор пат заболеле 38 лица, што е зголемување од 5,6 проценти во однос на претходната недела. Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови.
Најголем број од починатите се на возраст над 60 години.
