„Тоска“ на сцената на МОБ

15.11.2021 09:38

Главните улоги ќе ги толкуваат Весна Ѓиновска-Илкова (Тоска) и Зоран Сотиров (Каварадоси), а Борис Трајанов ќе биде во улога на злобниот Скарпија.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, а во режијана Огњан Драганов од Бугарија на сцената на Националната опера и балет во среда на 17-ти ноември ќе биде изведено ремек делото на Џакомо Пучини, операта „Тоска“.

Главните улоги ќе ги толкуваат Весна Ѓиновска-Илкова (Тоска) и Зоран Сотиров (Каварадоси), а Борис Трајанов ќе биде во улога на злобниот Скарпија.

Останатите улоги ќе ги толкуваат: Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Диме Петров, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ.

Во претставата настапува и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба, одобрени од Комисијата за заразни болести. За влез ќе биде потребна потврда за извршена вакцинација со две дози против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Маските се задолжителни.