Дали знаете дека поседувате супермоќи?

31.03.2014 14:51

Секако, тоа е само еден од 20-те факти кои што ја илустрираат необичноста на функционирањето на човековото тело и кои покажуваат дека поседуваме многу повеќе моќи од оние за кои што сме свесни.
 
1. Кога човчкото срце би го извадиле од градите, тоа извесно време би продолжило да чука, бидејќи има свој систем, благодарејќи на кој, доколку е изложено на воздух би продолжило да прима кислород.
2. Поради силината на желудочната киселина, слузокожата на желудникот во целост се обновува на секои три до четири дена.
 
Секако, тоа е само еден од 20-те факти кои што ја илустрираат необичноста на функционирањето на човековото тело и кои покажуваат дека поседуваме многу повеќе моќи од оние за кои што сме свесни.
 
1. Кога човчкото срце би го извадиле од градите, тоа извесно време би продолжило да чука, бидејќи има свој систем, благодарејќи на кој, доколку е изложено на воздух би продолжило да прима кислород.
2. Поради силината на желудочната киселина, слузокожата на желудникот во целост се обновува на секои три до четири дена.
 
3. Брзината со која што човекот кива изнесува 160 километри на час.
 
4. Вкупната должина на човековите крвни садови изнесува 96.560 километри, што е доволно истите да се обвиткаат околу Земјиниот екватор… Два и пол пати!
 
5. Човековото срце за еден ден произведува количина на енергија со која што еден камион би можел да се напојува повеќе од 30 километри.
 
6. Со енергијата која што срцето ја произведува во текот на целиот живот би можело еден камион да отиде до месечината и назад.
 
7. Човековата кожа во текот на животниот век од 70 години отфрла огромен број на мртви клетки од кои што би можело да се направи цел човек од околу 47 килограми.
 
8. Човекот во текот на животот произведува количина на плунка доволна за да се наполнат цели два базени.
 
9. Освен петте општо познати сетила, човекот има и дополнително сетило кои што се нарекува проприоцепција.
 
Станува збор за комбинирана свест на мозокот за движењата на мускулите и чувството за положба, облик и големина на деловите од телото.
 
Благодарение на ова сетило, луѓето се способни да допрат било кој дел од сопственото тело и кога истиот не го гледаат.
 
10. Кога човековото око би било камера, неговата резолуција би била 576 мегапиксели.
 
Само како споредба, камерата со најголемата резолуција “Mamiya DSLR” има 80 мегапиксели и истата чини 34.000 долари.
 
11. Човековото тело за еден час произведува 180 милиони црвени крвни зрнца.
 
12. Ако во текот на бременоста мајката повреди некој од внатрешните органи, бебето од матката и испраќа матични клетки за “санација” на повредата.
 
13. Истражувачите во човековиот папок пронашле 1.458 нови видови на бактерии.
 
14. Човекот може да го ресетира сопствениот ритам на спиење доколку ја насочи светлината во задниот дел од колената.
 
15. Без храна, човекот може да преживее цели два месеци.
 
16. Рецепторите за вкус не се наоѓаат само на јазикот, туку и во стомакот, цревата, панкреасот, белите дробови, анусот, тестисите и мозокот.
 
17. Едно од верувањата во врска со фобиите кај луѓето е она дека всушност причината за ваквите стравови се сеќавањата кои што ни се пренесени преку наследните гени од нашите претци.
 
18. Човековиот мозок е во состојба да ги извршува задачите во текот на РЕМ фазата од сонот, па така, човекот може да слуша и да научи нова музичка композиција додека спие.
 
19. Научно е докажано дека дури и мала доза на чувства може да влијае на промените на мозокот кај човекот. Најчесто станува збор за намалување на емпатијата.
 
20. Доколку направите вештачки израз на лицето кој емитира одредена емоција, истата почнувате и да ја чувствувате.