Ковид-19

Велика Британија: Бустер доза за сите полнолетни граѓани

01.12.2021 10:54

Премиерот Џонсон ги повика Британците да се вакцинираат и да ја продолжат борбата против новиот сој на вирусот.

До крајот на јануари на сите полнолетни граѓани Велика Британија ќе им понуди бустер доза на вакцина против Ковид- 19. Премиерот Џонсон ги повика Британците да се вакцинираат и да ја продолжат борбата против новиот сој на вирусот.

Владата најави дека интервалот меѓу втората и третата доза од сегашните шест, ќе се намали на три месеци.

Досега во Обединетото Кралство со две дози се вакцинирани над 80 насто од граѓаните, додека бустер доза примиле 31% насто од популацијата над 12 години.