Регион

Бугарија: Денеска коалициски договор за идната влада

10.12.2021 09:35

Ова ќе биде најкомплексната коалиција што ќе ја има Бугарија – четирипартиска, што се случува за првпат во последните 32 години од воведувањето на повеќепартискиот систем, по падот на комунистичкиот диктатор Тодор Живков.

Подготвени се финалните текстови од коалицискиот договор за формирање на новата бугарска влада.  Четирите партии „Промените продолжуваат“, Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија постигнаа договор околу програмата.

Ова ќе биде најкомплексната коалиција што ќе ја има Бугарија – четирипартиска, што се случува за првпат во последните 32 години од воведувањето на повеќепартискиот систем, по падот на комунистичкиот диктатор Тодор Живков.

Извршното биро на БСП се очекува да одржи состанок за усвојување на коалицискиот договор за формирање на новата бугарска влада.

До крајот на денот се очекува договор за коалиција.