Свет

Русија: Украина да не го решава конфликтот на истокот со сила

10.12.2021 10:00

Официјални лица во Украина и западните земји сметаат дека токму тоа може да укаже на тоа дека Москва планира инвазија на соседна земја.

Русија ја предупреди владата во Киев да не се обидува со сила да го реши конфликтот во источна Украина, во момент на високи тензии поради акумулацијата на руска војска во близина на украинската граница.

Официјални лица во Украина и западните земји сметаат дека токму тоа може да укаже на тоа дека Москва планира инвазија на соседна земја.

Руските власти тоа постојано го негираат. Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година, откако тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, кој беше за москва, беше соборен со масовни протести.