Свет
Мексико: Десетици жртви во сообраќајка со камиони
10.12.2021 10:37
Во несреќата биле повредени најмалку 28 лица. Според очевидци, камионот возел пребрзо во острата кривина.

Најмалку 53 мигранти загинаа во сообраќајна несреќа со два камиони во државата Чиапас во јужниот дел на Мексико. До несреќата дошло кога приколката од едниот од камионите се извртела на опасна кривина.
Во несреќата биле повредени најмалку 28 лица. Според очевидци, камионот возел пребрзо во острата кривина.
Стотици илјадници мигранти секоја година се обидуваат да стигнат до САД преку Мексико. Мнозинството доаѓаат од Мексико или од некоја од централноамериканските земји како Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор.
