Свет

Асанж на чекор до екстрадиција во САД

10.12.2021 12:25

Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската Влада на претходната одлука на понискиот Окружен суд да го одбие екстрадирањето на Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е сѐ поблиску до екстрадиција од Велика Британија во САД откако американската Влада денеска го доби случајот за екстрадиција во Лондон, јавува Би-Би-Си.

Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската Влада на претходната одлука на понискиот Окружен суд да го одбие екстрадирањето на Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа.

Случајот сега повторно ќе биде вратен на понискиот суд, каде повторно ќе се расправа.

Окружниот суд во јануари го одби американското барање за екстрадиција, наведувајќи ја како причина неговата ранлива психичка состојба, но и можноста дека би можел да си го одземе животот доколку се најде во брутални затворски услови во САД.

Асанж се бара во САД поради објавување на илјадниците доверливи документи во аферата „Викиликс“ во 2010 и 2011 година. САД го обвинуваат Асанж за голем број злосторства поврзани со неговата комуникација со свиркачите, од кои најважна е Челзи Менинг, која дошла до доверливи материјали за американските војни во Ирак и Авганистан.

Доколку биде прогласен за виновен, на Асанж му се заканува затворска казна до 175 години.