Свет
Бајден: САД целосно го поддржуваат украинскиот суверенитет
10.12.2021 15:26
Русија го предупреди Киев да не се обидува да го реши конфликтот во источна Украина со употреба на сила.

Американскиот претседател Бајден со јасна порака до украинскиот колега Зеленски. САД целосно го поддржуваат украинскиот суверенитет.
Русија го предупреди Киев да не се обидува да го реши конфликтот во источна Украина со употреба на сила.
Односите се влошени поради зголеменото присуство на руските војници крај заедничката граница, што според западните земји, сигнализира план за инвазија.
Москва и натаму ги негира тврдењата.
