Свет

ЕУ: Разговори за санкциите против Русија поради Украина

13.12.2021 10:39

НАТО соопшти дека Русија собрала меѓу 75.000 и 100.000 војници што доведува до стравувања од повторување на 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува да разговараат за нови санкции за да ја одвратат Русија од инвазија врз соседна Украина, откако Москва распоредува војници долж границата.

НАТО соопшти дека Русија собрала меѓу 75.000 и 100.000 војници што доведува до стравувања од повторување на 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.

Украинската морнарица претходно објави дека Русија блокирала и околу 70 насто од Азовското Море, околу анектираниот полуостров Крим.