Свет
Во Мјанмар се случуваат масовни убиства
20.12.2021 11:52
Масакрите биле снимени во областа Сагаинг во градот Кани, каде што постои силно опозициско движење.

Би-Би-Си известува дека војската во Мјнамар извршила серија масовни убиства на цивили во јули. Масакрите биле снимени во областа Сагаинг во градот Кани, каде што постои силно опозициско движење.
Очевидци и преживеани изјавија дека војниците ги собрале селаните пред да ги разделат мажите.
Видеоснимките и фотографиите открија дека убиените биле прво измачувани. Администрацијата на Аунг Сан Су Чи во Мјанмар беше распуштена во февруари како резултат на воениот удар.
