Ковид-19

СЗО: Да не се смета дека Омикрон е поблага варијанта

21.12.2021 10:20

Организацијата додава дека сепак може да разболи доволно луѓе за да ги „преоптовари“ здравствените системи. Првичните податоци од делови на Јужна Африка остават погрешен впечаток поради високите нивоа на постоечки имунитет меѓу населението.

Светската здравствена организација смета дека е премногу рано да се заклучи дека варијантата Омикрон е поблага од другите видови на коронавирус.

Организацијата додава дека сепак може да разболи доволно луѓе за да ги „преоптовари“ здравствените системи. Првичните податоци од делови на Јужна Африка остават погрешен впечаток поради високите нивоа на постоечки имунитет меѓу населението.

Генералниот директор на СЗО, Гебрејсус пак препорача откажување на настаните за време на божиќните и новогодишните празници поради растот на бројот на случаи со новата варијанта.