Свет
САД подготвени да се вклучат во дипломатија со Русија
21.12.2021 09:22
Москва, која го вознемири западот со зголемувањето на војниците во близина на Украина, во минатата недела објави список на желби со безбедносни предлози...

Вашингтон е подготвен да се вклучи во дипломатијата преку повеќе канали, вклучително и билатерален ангажман, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Москва, која го вознемири западот со зголемувањето на војниците во близина на Украина, во минатата недела објави список на желби со безбедносни предлози за кои сака да преговара, вклучително и ветување дека НАТО ќе се откаже од каква било воена активност во источна Европа и Украина.
Вашингтон ги повика американските граѓани да не патуваат во Украина поради можност од воена интервенција.
