Полска го обвинува Брисел за „бирократски централизам“
Еврокомисијата веќе упати службена опомена, што е прв чекор во постапката која може да заврши пред Судот на ЕУ. Полска има рок од два месеца да одговори.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки со критика до Брисел. Унијата ја обвини за таканаречен „бирократски централизам“ поради новата постапка која беше покрената поради одлуката на полскиот уставен суд со кој се доведува во прашање надреденоста на европското право во однос на националното.
Еврокомисијата веќе упати службена опомена, што е прв чекор во постапката која може да заврши пред Судот на ЕУ. Полска има рок од два месеца да одговори.
Оваа земја води неколкугодишен спор со Комисијата поради правосудните реформи кои ги спроведува владејачката коалиција, а Судот на ЕУ веќе донесе неколку одлуки против Полска.
