Зошто се будите неколку минути пред вашиот аларм?

23.12.2021 11:18

Изгледа дека будење пред алармот може да се случи поради неколку причини, а една од нив е совршен одмор во текот на ноќта. Природното будење е поздраво бидејќи му овозможува на телото да ги заврши подготовките пред да го започнете денот.

Одвреме- навреме доаѓаат и утрата кога на волшебен начин се будите самите без аларм. Вашето тело самото станува без да го слушнете досадниот звук за будење.

Изгледа дека будење пред алармот може да се случи поради неколку причини, а една од нив е совршен одмор во текот на ноќта. Природното будење е поздраво бидејќи му овозможува на телото да ги заврши подготовките пред да го започнете денот.

Ако сакате постојано да се будите без аларм, мора да имате постојан распоред на спиење. Тоа значи да си легнувате отприлика во исто време секоја вечер. Држењето до распоредот ќе го балансира вашиот внатрешен часовник одговорен за одредување на изворите на светлина и темнина во опкружувањето.

Всушност, ако вашето тело не се буди природно пред алармот, треба да го тренирате да го прави токму тоа. Можеби звучи како нешто навистина напорно, но не е невозможно.

Сигурно ви се случило да се разбудите само неколку минути пред вашиот аларм. За тоа можете да се заблагодарите на малиот хормон во човековото тело кој се нарекува аденокортикотропин.

Овој хормон се смета за интерен човечки аларм кој се активира неколку часови пред будењето. Научниците сметаат дека овој хормон го припрема телото за стресни и напорни активности кои следуваат во текот на денот.