СЗО: Ниедна земја нема да излезе од пандемијата со довакцинација, да се почитуваат превентивните мерки
Ниедна земја нема да излезе од пандемијата само со довакцинација- велат од СЗО. Посочуваат, мора да се почитуваат превентивните мерки. Децидни- приоритет во светот мора да биде сите земји да достигнат стапка на имунизација од 40% што е можно поскоро, а до средината на идната година, таа да изнесува 70 насто...

„Спасот од пандемијата со Ковид-19 не лежи само во довакцинацијата, туку и во почитување на сите превентивни мерки“ – предупреди Светската здравствена организација. Според нив, насоки за примање на таканаречени „засилувачи“ издале 126 држави.
„Приоритет во светот мора да биде сите земји да достигнат стапка на имунизација од 40% што е можно поскоро, а до средината на идната година, таа да изнесува 70%. Ниедна земја нема да може да излезе од пандемијата со помош на довакцинација и таа не претставува зелено светло за прославите кои се планираат без следење на други превентивн мерки“, изјави доктор Тедрос Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
Имунизацијата останува главно оружје за победа над вирусот. Турскиот здравствен регулатор издаде дозвола за итна употреба на првата локално-развиена ковид-вакцина наречена „ТУРКОВАК“.
„Од исклучителна важност е што вакцината може да се произведува во нашата земја. Уште поважно е што таа е патентиран продукт во наша сопственост, во целост создаден од наши научници и истражувачи“, изјави турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.
Покрај вакцините, фармацевтската компанија „Фајзер“ со големи очекувања и од антивирусната пилула „Паксловид“ која доби дозвола за употреба од Американската агенција за лекови. Наменета е за лица постари од 12 година, а првите 250.000 дози ќе бидат достапни уште во јануари. Европската агенција за лекови ЕМА минатата недела даде поддршка за употреба на Паксловид во итни случаи.
Пред празниците, повеќето земји повторно ги заоструваат мерките. Грчките власти со препорака за туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето во земјата. Од утре за влез во супермаркет или јавен превоз ќе биде задолжително носењето на двојна маска. Бугарија нуди финансиски стимул за вакцинирање. Сите лица над 65 години ќе добијат еднократен додаток од 40 евра на пензиите независно од тоа која доза ја примиле. Мерката важи и за сите од оваа возрасна група кои се целосно имунизирани и со засилувачка вакцина.
Маја С. Филдишев
