НАТО

Столтенберг: Мир е можен, ако сака Русија

24.12.2021 09:36

И Белата куќа се согласува дека дипломатските разговори се вистинскиот пат напред со Москва...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека е подготвен за дијалог со Русија, но јасно стави до знаење дека нема да има компромиси за основните принципи.

И Белата куќа се согласува дека дипломатските разговори се вистинскиот пат напред со Москва.

Американскиот претседател Џо Бајден допрва треба да се согласи за време и место за нови разговори со рускиот претседател Владимир Путин- велат од Белата куќа, која ги отфрли критиките од Москва дека сад и нивните сојузници биле агресор во ескалацијата на Руско-украинската граница.