Јужна Кореја: Помилувана поранешната претседателка Парк Гун Хе

24.12.2021 10:51

Помилувањето е со цел да се надминат националните поделби и да се промовира единството во соочувањето со предизвиците од пандемијата на Ковид-19, велат од Министерството за правда.

Поранешната претседателка Парк Гун- Хе, која отслужува 20-годишна затворска казна за поткуп и други злосторства во Јужна Кореја е помилувана.

Помилувањето е со цел да се надминат националните поделби и да се промовира единството во соочувањето со предизвиците од пандемијата на Ковид-19, велат од Министерството за правда.

Парк беше уапсена во 2017 година, откако беше сменета од функцијата по корупцискиот скандал што предизвика повеќемесечни масовни улични протести во земјата.