Јапонија
Токио се приклучува на бојкотот за ЗОИ во Пекинг
24.12.2021 11:01
Со тоа се приклучува на дипломатскиот бојкот на САД, Австралија, Велика Британија и Канада кои исто така најавија дека нема да испратат државни високи претставници во знак на протест против кинеското кршење на човековите права.

Јапонија објави дека одлучила да не испраќа владина делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Со тоа се приклучува на дипломатскиот бојкот на САД, Австралија, Велика Британија и Канада кои исто така најавија дека нема да испратат државни високи претставници во знак на протест против кинеското кршење на човековите права.
Земјите, сепак, ќе ги испратат своите спортисти да се натпреваруваат.
