Ковид-19

Откажани летови поради ширањето на Омикрон, заострени мерки за празниците

24.12.2021 14:35

Откажани летови и новогодишни прослави поради ширењето на Омикрон. Европа ги заострува мерките во празничниот период. Од Ковид-19 починале речиси 5,40 милиони луѓе...

Светот и натаму заложник на континуираните мутации на новиот коронавирус. Ковид-19 ги менува новогодишните планови на сите меридијани , Европа повторно меѓу пандемиските жаришта.

Во Франција рекорден број заразени. Откажани се новогодишните прослави, владата им препорача на своите граѓани да работат од дома.

„Годинава поради вирусот, од вас барам голема претпазливост. Ова значи континуирана заштита од вирусот: маски, редовно миење раце, растојание, проветрување на просториите, изолација и тестирање при појава на симптоми. Дури и да сте вакцинирани, подобро е да се тестирате пред да се сретнете со членови на семејството, особено ако се повозрасни“, изајви претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Рекордни бројки и во Италија. Владата ги заострува мерките.

„Маските се задолжителни и на отворен простор, а за одредени области мора да се носи конкретен тип на маска. Забавите се забрануваат до 31 јануари“, рече Роберто Сперанза, министер за здравство на Италија.

Слично и во Грција. Покрај враќањето на обврската за маска и на отворено, се воведува задолжителна двојна маска за супермаркетите и јавниот превоз. Се откажуваат сите јавни празнични манифестации, а на посетителите и на граѓаните им се препорачува да се тестираат.

Во САД откажани стотици летови, а во Австралија се намалува временскиот интервал меѓу втората и третата доза. Со мутацијата се борат и Африка, Јужна Америка и Азија.

Во светот од Ковид-19 починале речиси 5,40 милиони луѓе.

Маја С. Филдишев