РУСИЈА

Путин: Ќе размислам за алтерантивни опции доколку Западот не ги исполни барањата на Москва

27.12.2021 09:59

Односите меѓу двете страни беа влошени по масовното распоредување на руски војници во близина на границата меѓу двете поранешни советски републики.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за алтернативни опции доколку Западот не ги исполни барањата на Москва за безбедносни гаранции во кои се опфатени и прекин на проширувањето на НАТО кон исток и воена соработка со Украина.

Односите меѓу двете страни беа влошени по масовното распоредување на руски војници во близина на границата меѓу двете поранешни советски републики.

САД сметаат дека барањата се неостварливи, невозможни или суштински спротивни на западните вредности, но се согласија да започнат безбедносни разговори со Москва следниот месец.