КОВИД-19

Над 280 милиони заразени со Омикрон

27.12.2021 10:27

Со Омикрон се инфицирани над 280 милиони лица во светот. САД се со најголем број случаи, а по нив следуваат Индија, Бразил, Британија и Русија. Во регионов, случаи на заразени со новата варијанта се детектирани веќе и на Косово.

Студии од Велика Британија и Австралија покажуваат дека Омикрон, кој брзо се шири, може да предизвика поблаг тек на болеста. Меѓу пооптимистичките вести за пандемијата се и доказите дека дополнителните вакцини делуваат против новиот вид, и одобрувањето на првата ковид-таблета.

Со Омикрон се инфицирани над 280 милиони лица во светот. САД се со најголем број случаи, а по нив следуваат Индија, Бразил, Британија и Русија. Во регионов, случаи на заразени со новата варијанта се детектирани веќе и на Косово.

Поради зголемениот број заразени, многу авиокомпании откажуваат летови за празничната сезона. Годинава повторно се откажуваат и јавни собири и настани.

Мерките остануваат во сила, а во повеќе земји беа дополнително заострени пред божиќните празници. Поради позитивен член во семејството, во изолација израелскиот премиер Нафтали Бенет.