ВИЕНА
Продолжуваат преговорите за Нуклеарниот пакт
27.12.2021 12:09
Мешовитата комисија на Иран и петте меѓународни посредници разговараат за шансите за спроведување на договорот во неговата оригинална форма и за враќањето на САД во мултилатералниот договор...

Во Виена почнува осмата рунда разговори за обнова на Нуклеарниот пакт. Мешовитата комисија на Иран и петте меѓународни посредници разговараат за шансите за спроведување на договорот во неговата оригинална форма и за враќањето на САД во мултилатералниот договор.
Русија, Велика Британија, Германија, Кина и Франција очекуваат преговорите да завршат до февруари идната година.
