Свет

Гутереш: Пандемијата со Ковид-19 нема да биде последна

27.12.2021 13:01

Пандемијата со Ковид-19 нема да биде последна, предупреди првиот човек на Oбединетите нации Гутереш на меѓународниот ден за подготвеност за епидемии. Повика светот да се подготви за нови пандемии...

Пандемијата со Ковид-19 нема да биде последна, предупреди првиот човек на Oбединетите нации Гутереш на меѓународниот ден за подготвеност за епидемии. Повика светот да се подготви за нови пандемии.

И првиот американски експерт за епидемии Фаучи со предупредување дека Омикрон се шири и дека наскоро ќе го претовари здравствениот систем во САД. Ефектите од Омикрон веќе се гледаат. За време на продолжениот Божиќен викенд, илјадници летови се откажаа поради ширење на вирусот.

 „Ако сте на аеродром, чекате три часа. Значи ова е како петчасовна линија.“

„Јас ја чекам мајка ми да направи тестирање за КОВИД, а исто така и татко ми и сестра ми, а тоа е чекање три часа.“

„Мора да има лабораториски тест.

„Ќе мораме повторно да резервираме лет.“

Омикрон се шири и на бродовите за крстарење. Американските власти надгледуваат десетици бродови на кои се појавиле случаи на заразени. На некои бродови им е забранет влез во пристаништата.

„Патниците кои немаат ковид се преселија во кабини на други катови. Заразените ги концентрираа на палубата два за да ги изолираат.“

Новите лекови против Ковид-19 во 2022 година значително ќе ги подобрат шансите за преживување на тешко болните пациенти заразени со новиот коронавирус, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Нагласи дека вакцините од следната генерација ќе бидат поефикасни против новите варијанти на коронавирус што ќе се појават низ целиот свет.

 

Ирина Гелевска