Енергетска криза

Подготвителна седница на РКЕ за новата цена на струјата

29.12.2021 09:32

Најдоцна до петок РКЕ треба да ја донесе одлуката за цената на струјата за корисниците на регуларниот пазар...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на подготвителна седница пред енергетските компании ќе ги презентира механизмите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија.

Најдоцна до петок РКЕ треба да ја донесе одлуката за цената на струјата за корисниците на регуларниот пазар што ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.