Пендаровски во Делчево: Приоритети ќе ми бидат економијата, демократијата и демографијата

02.04.2014 13:20

Претседателот е биран од народот, затоа тој работи согласно интересите на народот и дирекно нему му одговара,  рече претседателскиот кандидат на Социјал демократскиот сојуз, Стево Пендаровски, вчера на митингот пред граѓаните на Делчево.

Потенцираше дека тој е кандидат на опозициската коалиција предводена од Социјал демократскиот сојуз на Македонија, но рече дека начинот на кој ја води кампањата го зближува со народот, се појавува сам на митинзите во градовите затоа што ќе бил претсеател на сите граѓани во земјата без разлика на нивната партиска, верска и етничка припадност.

Стево Пендаровски пред присутните граѓани се осврна на трите точки од неговата програма, економија, демократија, демографија. Потенцираше дека македонија треба да има соработка со Бугарија на економски план. Кандидатот за претседател на социјал демократскиот сојуз и пред жителите на делчево го повтори неговиот став за спорот со името со Грција.

Повтори дека треба да има државен консензус за решавање. Сите политички чинители да се сложат и со исти став да настапат пред меѓународната јавност.

Приоритетите на стево пендаровски според неговата програма се интегрирање на Македонија во Европската унија и НАТО. Според кандидатот за претседател на опозициската СДСМ, претседателот треба да одговори на сите предизвици и треба да е двигател на сите процеси во државата.

Смета дека уставот треба да се почитува, а слободите и правата се исклучително значаен сегмен. Во една држава според Пендаровски мора да владеат правото и демократијата, правосудството, полицијата,  и сите институции на власта мора да ја гарантираат правната сигурност за луѓето и за правните субјекти.

Стево Пендаровски тврди дека ќе се залага за демократски вредности, човечко достоинство и граѓански слободи. според него мерило за успешен претседател е дали придонел за решавањето на проблемите во државата. Врховниот командант според Стево Пендаровски мора да е чувар на мирот и еден од главните столбови во државата.

Во програмата на Пендаровски стои дека човековите права се приоритет, а тој би бил адвокат на сите граѓани. Пред одржување на централниот митинг во Делчево кандидатот за претседател на социјал демократскиот сојуз Стево Пендровски беше во посета на неколку села во Малешевско – пијанечкиот регион во Источна Македонија.

Ана Јосифоска