КОВИД-19

СЗО препорача уште два лека за коронавирусот

14.01.2022 15:25

„Барицитиниб“ на „Ели Лили“, кој се продава под брендот „Олумиант“ (Olumiant), би се давал во комбинација со кортикостероиди. За пациенти со ризик од хоспитализација се предлага и терапијата со антитела позната како „GSK-Vir“.

СЗО препорача уште два лека за третман на пациентите со ковид-19.

„Барицитиниб“ на „Ели Лили“, кој се продава под брендот „Олумиант“ (Olumiant), би се давал во комбинација со кортикостероиди. За пациенти со ризик од хоспитализација се предлага и терапијата со антитела позната како „GSK-Vir“.

Вакцините остануваат примарно оружје во битката со Сарс-Ков-2. Но, Европската агенција за лекови предупреди дека повторувањето на бустер дозите може да има негативен ефект врз имунитетот.