НАТО
Столтенберг: Нема да ги повлечеме трупите од земјите кои влегоа во блокот во 1997
17.01.2022 10:36
Според него, не може со сигурност да каже какви се намерите на Москва околу Украина, додавајќи дека постојат шпекулации, заканувачка реторика, а не гаранции.

„НАТО никогаш нема да се согласи да ги повлече своите трупи од земјите кои се приклучија на блокот по 1997 година, бидејќи тоа ќе ги направи членки на Алијансата од втор ред“, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Според него, не може со сигурност да каже какви се намерите на Москва околу Украина, додавајќи дека постојат шпекулации, заканувачка реторика, а не гаранции.
„Сојузниците на НАТО не можат да прават компромиси за основниот принцип на европската и меѓународната безбедност“, додава Столтенберг.
