Гана: Експлозија во рударскиот регион, има загинати и урнати стотици објекти

21.01.2022 11:37

Властите ги советуваа жителите на погодената област да заминат во околните градови.

Жртви во експлозија во западна Гана, откако камион кој превезувал експлозиви во рудник за злато се судрил со мотоцикл. Уништени се стотици згради.

Властите ги советуваа жителите на погодената област да заминат во околните градови.

Од блиските градови е побарано да ги отворат јавните простори, вклучително училници и цркви за сместување на преживеаните.

Експлозијата се случи во Апиате, меѓу градовите Богос и Бауди, кога мотоцикл влетал под камион кој превезувал експлозиви во сопственост на компанијата „Максам“ во рудникот за злато „Чирано“, управуван од „Кинрос“ од Торонто.