Пендаровски: Неможе да се среќни само тие што заминуваат на работа во Авганистан

02.04.2014 23:14

„Од ова место може да ветам дека нема да се променам за пет години, ќе останам истиот и нема да се вообразам. Ќе се борам Македонија да оди напред, затоа што наш е изборот дали сакаме да назадуваме или да бележиме прогрес“, рече Стево Пендаровски на митингот во Куманово...

„Не може да бидат среќни само тие што ќе заминат на работа во Авганистан, ајде да ја направиме Македонија земја на среќните“ – со овие зборови кандидатот за претседател на државата од редот на СДСМ, Стево Пендаровски им се обрати на кумановци.

Рече дека ќе се залага младите да добијат шанса за вработување, и тоа под исти критериуми, за оваа држава да не биде, како што вели, за некого мајка, за некого маќеа. Пендаровски рече дека во неговата програма се предвидува пораст на економијата, владеење на демократските принципи и подобрување на демографската слика.

Доколку ја добие довербата, опозицискиот кандидат за претседател рече дека тоа ќе биде нова страница во македонската политика, која ќе се промовира нови лица за Македонија да биде подобро место за живеење.