Австрија ковид мерки

Австрија ја укина забраната за движење на невакцинираните

31.01.2022 12:03

Австриската влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена до полноќ.

Во Австрија престана да важи локдаунот за невакцинираните лица кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна.

Претходно невакцинираните неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство. Сепак, укинувањето на карантинот не им ги враќа сите слободи на невакцинираните.

Австриската влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена до полноќ.