САД: Русија ќе се соочи со притисок во ОН поради Украина
САД го ставија прашањето на дневен ред минатата недела по неформалните разговори со другите членки на Советот за безбедност и Украина.

Советот за безбедност на ОН на јавна седница за ситуацијата во Украина, откако распоредувањето руски војници во близина на границата предизвика тензии со западот. САД го ставија прашањето на дневен ред минатата недела по неформалните разговори со другите членки на Советот за безбедност и Украина.
Обуката на војската продолжува под сурови услови на украинската линија на фронтот. Војниците се соочуваат со закана од потенцијални напади, и со снежни бури и ниски температури.
„Нашата главна цел во моментов е да ги задржиме нашите позиции и да не дозволиме да напредуваат. Можеме да го претпоставиме бројот на нивни војници само со броење истрели. Бидејќи и тие се кријат, се плашат да бидат видливи исто како и ние. Тие се ротираат, постојано ја менуваат позицијата, одредени возила пристигнуваат, а други заминуваат. Значи, постојано има активност“, вели украински војник.
„Непријателот постојано ги зајакнува своите позиции без разлика на степенот на тензија меѓу Украина и Русија“, вели украински војник.
„Како можам да се плашам од можна руска инвазија кога веќе сум овде на фронтот?“ вели украински војник.
Русија бара од НАТО да вети дека никогаш нема да дозволи Украина да се приклучи на Алијансата и да го запре распоредувањето на оружје на НАТО во близина на руските граници и да ги повлече своите сили од Источна Европа.
Нато и САД ги нарекуваат барањата невозможни.
Марина Ристова
