Известување од Агенција за супервизија на осигурување

31.01.2022 16:16

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите на кои им е одобрено
барањето за полагање на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, дека првиот дел – теоретски дел  од стручните испити ќе се одржи на ден 7.2.2022 година во период од 8:30 до 17:30 часот на 8.2.2022 година од 8:30 до 12: 50. Вториот дел – практичен пример од стручните испити ќе се одржи на ден 24.02.2022 година во период од 08:00 до 17:30 часот.
Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
Европски Универзитет, бул. Свети Климент Охридски бр. 68, Скопје
Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои им е одобрено барањето  за полагање на стручниот испит за осигурителни брокери, дека првиот дел – теоретски дел  од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи на ден 8.2.2022 година од период од 10:50 до 17:30 часот, дека вториот дел – практичен пример од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи на ден 8.2.2022 година во период од 8:30 до 17:30 часот.
Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
Европски Универзитет, бул. Свети Климент Охридски бр. 68, Скопје
Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, односно осигурителен брокер можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050