Поплави во Хаити

Обилни дождови на Хаити, илјадници домови поплавени

01.02.2022 10:30

На Хаити често се случуваат природни катастрофи, условите за домување во кои живеат граѓаните се претежно лоши..

Илјадници домови се поплавени, а околу 2500 семејства се раселени на Хаити поради обилните дождови што ги излеаја реките, при што спасувачките тимови ги евакуираа луѓето од зоните со висок ризик.

Силните врнежи од дожд доведоа до поплави, пред сè во северниот дел на земјата, а силните ветрови уриваа дрвја.

На Хаити често се случуваат природни катастрофи, условите за домување во кои живеат граѓаните се претежно лоши, а во областите подложни на поплави најчесто живеат сиромашни и густонаселени заедници.