Украинска криза

САД: Дипломатите да ја напуштат Белорусија

01.02.2022 12:39

Ситуацијата е непредвидлива и постои засилена тензија во регионот, се наведува во советите за патување во странство.

Американскиот стејт департмент им нареди на семејствата на дипломатите во Белорусија да ја напуштат земјата поради зголемените тензии во регионот и поради невообичаеното и загрижувачко трупање руска војска долж белоруската граница со Украина.

Ситуацијата е непредвидлива и постои засилена тензија во регионот, се наведува во советите за патување во странство.

Вашингтон и претходно советуваше да не се патува во Белорусија и таа земја и понатаму е во највисока категорија на предупредување.

Пограничната ситуација со Украина сега е додадена како причина заедно со предупредувањата за коронавирусот и произволната примена на законите.

Кон средината на јануари американската влада го намали дипломатското присуство во Киев и побара од членови на дипломатските семејства да ја напуштат Украина.

Марина Ристова