Ковид-19

Од денеска нови правила за патување

01.02.2022 13:29

Пред една недела европскиот совет усвои препорака за координиран пристап за олеснување на безбедното и слободно движење за време на пандемијата на ковид-19.

Од денеска нови правила за патување во ЕУ. Пред една недела европскиот совет усвои препорака за координиран пристап за олеснување на безбедното и слободно движење за време на пандемијата на ковид-19.

Предвид се зедоа значителното зголемување на стапката на вакцинација и брзото воведување на ковид-сертификатите. Препораката стапува во сила денеска истовремено со актот за изменување на регулативата за ковид-сертификатите, со која се предвидува рок за прифаќање на потврдата за вакцинација од 270 дена, или неограничено во случај на примена бустер-доза.