Хрватска
Хрватска нуди 26.500 евра за секој иселеник,само еден се пријавил да се врати во земјта
10.02.2022 09:37
Од Светскиот младински сојуз велат дека на луѓето треба да им се понуди многу повеќе отколку само сума на пари за нивно враќање.

Откако хрватската влада понуди по 26.500 евра за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки, за еден месец се пријавило само едно лице.
Од Светскиот младински сојуз велат дека на луѓето треба да им се понуди многу повеќе отколку само сума на пари за нивно враќање.
Важно е да се регулира деловната клима за инвестирање, пазарот на труд, да се обезбедат подобри работни места и повисоки плати, а тука се и домувањето и усогласување на семејниот и деловниот живот.
