Нов Зеланд
Отстранет протестниот камп од пред парламентот на Нов Зеланд
10.02.2022 09:47
Граѓаните три дена протестираа во Велингтон против епидемиолошките мерки воведени поради ковид-19 и задолжителната вакцинација.

Полицијата приведе 50 лица и го отстрани протестниот камп што беше поставен пред зградата на парламентот на Нов Зеланд.
Граѓаните три дена протестираа во Велингтон против епидемиолошките мерки воведени поради ковид-19 и задолжителната вакцинација.
Граѓаните на Нов Зеланд не се задоволни од епидемиолошките ограничувања, меѓу кои десетдневна изолација, задолжителна вакцинација за некои категории на населението.
Во Нов Зеланд од почетокот на пандемијата регистрирани се 53 смртни случаи и околу 18.000 инфицирани помеѓу популација од пет милиони жители.
