Сергеј Лавров: Ултиматумите, заканите и предавањата се пат до никаде
Пентагон предупредува дека Кремљ продолжува да испраќа војници на границата, а во исто време, пристигна и првиот американски конвој оклопни возила во Романија.

Очите на светската јавност вперени кон Источна Европа како никогаш досега. Почнаа десетдневните воени вежби на Русија и на Белорусија во близина на украинската граница. Се проценува дека во нив ќе учествуваат околу 30 илјади војници. Додека официјален Киев смета дека ова претстави психолошки притисок, Москва ги опиша вежбите за сузбивање и одбивање надворешна агресија како сериозни, бидејќи Русија и Белорусија се соочуваат со закани без преседан. Пентагон предупредува дека Кремљ продолжува да испраќа војници на границата, а во исто време, пристигна и првиот американски конвој оклопни возила во Романија. 1.000 американски војници ќе бидат преместени од Германија во оваа земја.
„Ќе пристигнат уште два конвои. Следните денови ги исчекуваме и американските војници, дел од тие 1.000 што треба да бидат распоредени овде“, вели Јоан Сорин Семениук.
Велика Британија вети дека ќе испрати уште 350 војници во полска, откако однесе противтенковско оружје во Украина.
„Правиме се да го одбраниме територијалниот интегритет на Украина, суверенитетот, независноста, која за жал е оспорена токму од Русија. Ако Москва реши да ја обнови агресијата јасно стававме до знаење, не само ние, туку и земјите низ Европа, дека тоа ќе има огромни последици“, изјави Ентони Блинкен.
Москва и покрај тоа што собра над 100.000 војници во близина на границата со Украина, негира дека планира да го нападне својот сосед. По средбата со британската министерка за надворешни, првиот човек на руското МНР вели дека постапките на западот не се дипломатски.
„Секој упад во Украина би имал огромни последици и ќе носи сериозни трошоци. Постои алтернативен корен, дипломатски корен, кој избегнува конфликти и крвопролевање“, изјави Елизабет Трас министер за надворешни работи на Велика Британија.
„Ултиматумите, заканите и предавањата се пат до никаде. За жал, многу од нашите западни колеги сега се опседнати со оваа форма на нивната јавна активност. Не можам да го наречам тоа дипломатија“, вели Сергеј Лавров министер за надворешни работи на Русија.
Москва сака гаранции од западот дека НАТО нема да дозволи Украина и други поранешни советски земји да станат членки на блокот, а Алијансата да го запре распоредувањето на оружје и да ги повлече силите од источна Европа.
Маријана Димовска
