Правилно конзумирање на брокула

14.02.2022 11:40

Прекрасните главички од брокулата изобилуваат со фито- материи кои придонесуваат за заштита од рак на простатата и мозочен удар. Овој зеленчук е уникатен според своите хранливи карактеристики, но и начинот на кој помага во превенција на болестите и одржувањето на доброто здравје.

Брокулата се смета за еден од најздравите зеленчуци, но само доколку се подготви на правилен начин. Најчестиот начин на подготовка- варењето, ги уништува здравите витамини.

Прекрасните главички од брокулата изобилуваат со фито- материи кои придонесуваат за заштита од рак на простатата и мозочен удар. Овој зеленчук е уникатен според своите хранливи карактеристики, но и начинот на кој помага во превенција на болестите и одржувањето на доброто здравје.

Зрелите растенија во просек се широки од 10 до 25 сантиметри и имаат од темно-зелена до виолетова боја на главичката, во зависност од видот. Централното дебело стебло е високо од 15 до 25 сантиметри.

Постојат повеќе здравствени придобивки од брокулата, како на пример: брокулата содржи многу малку калории, само 34 на 100 грама. Но, богата е со растителни влакна, минерали, витамини и антиоксиданси со докажани здравствени придобивки.
Свежата брокула е исклучително богат изворна витамин Ц. Брокулата е добар извор на минерали, како што се: калциум, магнезиум, железо, селен, цинк и фосфор.

Свежата брокула ја има преку целатагодина. Во маркетите, одберете ги свежите, сјајни, цврсти, компактни цветни главички со добра текстура и богат вкус.

Брокулите се делат на два главни видови, според нивниот изглед- со главички и из’ртени. Брокулата со главички формира една голема, цврста главичка, додека из’ртената брокула формира голем број мали главички или цветчиња. Ова сезонско растение бара доста плодна и добро дренажирана почва за да успее.

Катерина Стојановска Десковска