Трендови на фризури

14.02.2022 11:45

За оние кои сакаат да внесат малку новини во чешлањето, еве што им нудат трендовите. Плетенките се актуелни, веќе подолго време, на различни начини- потенки, подебели, стегнати, растресени.

Секоја жена има своја фризура која најмногу одговара на нејзиниот лик, вид на коса и стил. Некои се верни на истиот начин на кој ја носат косата со години, а некои сакаат да експериментираат и со должината и со бојата и со видот на фризура.

За оние кои сакаат да внесат малку новини во чешлањето, еве што им нудат трендовите. Плетенките се актуелни, веќе подолго време, на различни начини- потенки, подебели, стегнати, растресени.

И сега може да се носат на различни начини, доволно е да вметнете и една во фризурата.

Шнолите како моден додаток, остануваат и понатаму, една или повеќе, убаво стојат на степенеста коса.

Уште една од варијантите, за кои може да се определите е брановидната боб фризура.

Аида Николовска