ИЗВЕСТУВАЊЕ

15.02.2022 12:03

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за осигурителни брокери, дека првиот дел – теоретски дел  од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи на ден 2.3.2022 година од период од 08:30 до 17:30 часот, дека вториот дел – практичен пример од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи на ден 25.3.2022 година во период од 8:30 до 17:30 часот.

Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:

Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.

Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, односно осигурителен брокер можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050