Бразил

Расте бројот на жртви од поплавите и свлечиштата

17.02.2022 08:41

За само три часа наврнале 25,8 сантиметри дожд, речиси толку колку што наврнало во изминатите 30 дена. Градскиот совет на Петрополис прогласи тридневна жалост.

Бројот на жртви од разорните свлечишта и поплави во планинскиот град Петрополис достигна 78. Стотици луѓе останаа без покрив над главите. Од под урнатините се спасени 21 лице. За само три часа наврнале 25,8 сантиметри дожд, речиси толку колку што наврнало во изминатите 30 дена. Градскиот совет на Петрополис прогласи тридневна жалост.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој се наоѓа во посета на Русија ја изрази својата солидарност, како и неговиот колега Владимир Путин. Југоисточниот дел на Бразил е зафатен од обилни дождови од почетокот на годината, со повеќе од 40 смртни случаи во инциденти регистрирани во регионот Минас Жераис на почетокот на јануари и во Сао Паоло подоцна истиот месец.