Европски парламент
Џамбаски со нацистички поздрав во Европарламентот
17.02.2022 09:02
Од италијанската парламентарна група побараа од претседателката Мецола да преземе соодветни мерки за европратеникот Џамбаски.

Инцидент во Европскиот парламент. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски откако во текот на дебатата за пресудата на Европскиот суд на правдата со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска, отпоздрави со нацистички поздрав и ја напушти салата.
Од италијанската парламентарна група побараа од претседателката Мецола да преземе соодветни мерки за европратеникот Џамбаски.
Мецола изјави дека фашистички поздрав во Европскиот парламент за неа е неприфатлив, додека на тоа Џамбаски и одговори на Твитер дека само мавнал со раката.
