Хамнеи: На Иран не му е потребно нуклеарно оружје туку енергија
Индиректните преговори меѓу Иран и САД се одржуваат во Виена од април минатата година, а според неименувани ирански претставници наредните денови се клучни за надминување на несогласувањата помеѓу вклучените страни.
Иран сака и понатаму да развива нуклеарни капацитети, но не како вид на оружје туку како енергија, а целта е да се зачува независноста, изјави иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. Индиректните преговори меѓу Иран и САД се одржуваат во Виена од април минатата година, а според неименувани ирански претставници наредните денови се клучни за надминување на несогласувањата помеѓу вклучените страни.
Иранскиот нуклеарен договор беше потпишан во 2015 година, но САД за време на мандатот на претседател Доналд Трамп, еднострано се повлекоа од него во 2018-та и воведоа санкции кон Иран.
