Економија

Денеска состанок за зголемување на пензиите

18.02.2022 09:26

Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, порачаа владините претставници.

Првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите се очекува да се одржи денеска, а на него, според најавите, треба да учествуваат сите засегнати страни кои низ дијалог ќе го донесат најприфатливото решение.

На состанокот, како што изминатите денови најавија премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе се разговара за можноста за промена на методологијата која би се донела низ дијалог со сите страни.

Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, порачаа владините претставници.

Од Владата најавуваат и пакет финансиска поддршка за пензионерите имајќи ја предвид енергетската и економска криза.