Здравјее

Како користењето на мобилните телефони влијае врз нас?

21.02.2022 11:07

Сигурно не можеме да замислиме еден ден без мобилен телефон. Тоа стана дел од нашиот секојдневен живот, кога стануваме зависни во многу ситуации. Но, она што многу од нас не го знаат е дека прекумерната употреба на мобилните телефони предизвикува оштетување на нашето тело.

Во сферата на мобилната индустрија денеска непрекинато се воведуваат технолошки новитети што ќе се усовршуваат и во иднина, со цел секојдневно подобрување на начинот на комуникација помеѓу луѓето. Точно е дека мобилниот телефон е доста потребен уред за комуникација што обезбедува брз и ефективен контакт, но тој може и да биде потенцијална опасност, особено за помладата популација.

Сигурно не можеме да замислиме еден ден без мобилен телефон. Тоа стана дел од нашиот секојдневен живот, кога стануваме зависни во многу ситуации. Но, она што многу од нас не го знаат е дека прекумерната употреба на мобилните телефони предизвикува оштетување на нашето тело.

Најчести проблеми кои се јавуваат со прекумерното користење на смартфоните се: главоболки, болки во рамениот појас, искривување на ’рбетниот столб и оштетување на видот.

Мобилните уреди обезбедуваат постојан прилив на вештачка светлина, што го прекинува нашиот мозок да го перцепира нашиот природен циклус за спиење/ будење, кој ималоши последици.

Влијанието на мобилните телефони на социјалниот и општествен развој на децата

Младите на денешницата се првата генерација што може да „ужива“ во мобилната комуникација во секое време и на секое место. Но, токму ова може да влијае негативно на децата, нивното однесување и гледање на секојдневието.

Она што е загрижувачки е влијанието на мобилните уреди на социјалниот и општествен живот на овие деца. За многумина од нив, мобилниот телефон е предмет што им овозможува подобро да се вклопат во средината што ги опкружува, односно во друштвото на своите врсници, што им влева поголема самодоверба и сигурност. Подоцна, мобилниот телефон, односно постојаното телефонирање и испраќање пораки може да стане прекумерно.

Зрачењето од мобилните телефони е една од најголемите опасности по здравјето на децата. Се смета дека здравјето на децата е многу поранливо од зрачењето од мобилните телефони, отколку на возрасните, бидејќи главата и нервниот систем сè уште се развиваат во рани тетинејџерски години.

 

Катерина Стојановска Десковска