Одбележан меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Од институтот на учениците зборувачи на различни јазици им порача да ги негуваат, чуваат и почитуваат нивните мајчини јазици зашто тие се, многу кревки и ранливи, но да го негуваат и македонскиот затоа што тој е „сврзно ткиво во нашето општество и мостот што не поврзува јазично, културно и духовно“.

Обврската да го зачуваме и да го негуваме нашиот јазик не е само долг кон нашите предци и нашите потомци, тоа е обврска на сите што го љубат, го почитуваат и го негуваат македонскиот јазик порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа го посети тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“.
Седма година по ред светскиот ден на мајчиниот јазик беше одбележан во институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а оваа година чествувањето беше поврзано со 150-годишнината од раѓањето Гоце Делчев.
Редовна настава на својот мајчин јазик следат и припадниците од албанската, турската и српската етничка заедница, а од учебната 2018/2019 воведена е и редовна настава на босански јазик. Со примена на законот за основно образование од 2019 година, се овозможува и негување на јазикот и културата на помалубројните етнички заедници преку изборниот предмет јазик и култура на Ромите, Србите, турците, Власите, Бошњаците, истакнаа од министерството за образование.
Од институтот на учениците зборувачи на различни јазици им порача да ги негуваат, чуваат и почитуваат нивните мајчини јазици зашто тие се, многу кревки и ранливи, но да го негуваат и македонскиот затоа што тој е „сврзно ткиво во нашето општество и мостот што не поврзува јазично, културно и духовно“.
Ана Ј. Тодоровска
