Почина Радован Павловски-македонскиот принц на метафората
На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, соопшти Македонската академија на науките и уметностите во која тој беше редовен член од 2006 година.

Нѐ напушти македонскиот принц на метафората. Поетот-класик, есеист и патеписец, академик Радован Павловски беше амбасадор на македонскиот поетски израз и извонреден визионер.
Иако роден во Ниш во неговиот огромен опус силно е проткаена неговата љубов кон своето, кон корените – местото кое го нарекуваше источно од Гринич, Железна река-гостиварско, онаму каде го минал сето детство.
Цели шест децении од живот и го посветува на поезијата. Првите свои песни ги објавува во 1955 година во Млад борец и Млада литература, а тогаш ја напишал и првата стихозбирка „Суша, свадба и селидби. Автор е на близу 40 книги поезија меѓу кои „Корабија“, „Пир“, „Зрна, молњи и клучеви“, „Свртничар на светлините“, „Господар на перото“, „Мојата ѕвезда“, „Се случува вечност“ и др. Еден е од најпреведуваните македонски поети во светот. Добитник е на многу домашни и странски награди. Беше член на македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Својот работен век го почна токму во Македонската радио-телевизија во 1956 година.
Тој ни остави порака за навек …
Фиљана Кока
