Свет

Шумските пожари се засилуваат, светот неподготвен

23.02.2022 14:08

Веројатноста за катастрофални шумски пожари на глобално ниво би можела да се зголеми за повеќе од 50 отсто до крајот на векот.

Глобалното затоплување и промените во шемите на користење на земјиштето во наредните децении може да доведат до зголемување на шумските пожари, што ќе предизвика огромно загадување на воздухот и други проблеми со кои владите ширум светот не се подготвени да се соочат.

Западниот дел на Соединетите Американски Држави, Северен Сибир, централна Индија и источна Австралија веќе се соочуваат со повеќе пожари, а веројатноста за катастрофални шумски пожари на глобално ниво би можела да се зголеми за повеќе од 50 отсто до крајот на векот.